
Koj се беше во EAST GATE MALL вечерва (ФОТО)
Воодушевеност, аплаузи, грандиозност, уникатност. Уште многу зборови може да бидат искористени за вечерашната посета на наши популарни фаци во новиот односно најголемиот Шопинг-мол на Балканот EAST GATE MALL.
Една од најпознатите женски ликови со програма за слабеење и правење прекрасен задник, Ана Стојанова, тв водителката за која не се потребни зборови за претставување – Лила Филиповска, Бомбакис, водителката Спенџарска, но и многу други познати ликови вечерва беа во посета на трговскиот мол.
Лила Филиповска сподели неколку видеа од трговскиот центар. На настанот присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери и Претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев, како и министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.
Свое обраќање имаа акционерите на Скопје Ист Гејт, Г-дин Арсим Папранику и Г-дин Самир Мане. Трговскиот ценатар чија бруто изградена површина изнесува 160.000m2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија. Претседателот на Владата, Г-дин Зоран Заев, го изрази своето задоволство што со Ист Гејт Мол, инвестиција од над 103 милиони евра, придонесе македонската економија да добие економски импулс во периодот на глобалната пандемија, со кое главниот град со оваа инвестиција добива модерен лик и станува уште поатрактивна дестинација за странските посетители.
Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group).
Ист Гејт Мол, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври од 10:00 часот.