
Заев од Карпош: Стевчо Јакимовски е измеќар на Груевски
Се ближи денот на изборите, реториката се пожестока
Партиите деновиве го достигнуваат врвот кога станува збор за тоа дека навистина доаѓа периодот кога се испраќаат најжестоки пораки. СДСМ ја обвини Арсовска дека поседува бугарско државјанство, за кое како што велат, не демантирала директно и гласно и јасно бидејќи таа тоа го поседува. Од друга страна, Арсовска вели дека сето тоа што го презентира СДСМ за неа од почеток на кампања до сега е лага, без притоа да навлезе во детали.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев од Карпош вели дека Стевчо е измеќар на Груевски Никола.
Знаете дека четири години протестиравте за да го зачуваме Карпош заради урбанистичкиот хаос на Стевче Јакимовски, Не му значат ништо граѓаните, тој е колекционер и ги има сите партиски книшки и стана измеќар на Груевски, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина. Тој додаде дека треба да се оди напред и да не се погази достоинството.
-Ова црнило, закани и омрази и инцидентот во Влае од вчера сме ги имале секогаш под превезот на ВМРО, па дури и братоубиствени војни. Но, денеска имаме територијален интегритет и суверенитет и одиме напред затоа што ние припаѓаме на прогресивниот свет, кажа Заев.
Запрете го растот на габични инфекции и ослободете се од чешањето на едноставен начин.
Тој кажа дека СДСМ нуди одличен млад кадар во лицето на Душко Весковски, за разлика од Јакимовски.