24sedum.net

24 седум вести портал

БРЗИОТ ВОЗ СТАСА ВО СРБИЈА Од Белград до Нови Сад ќе се патува само 30 минути за 500 денари

На Србија денеска и беше предаден нов брз воз Штадлер, прв од вкупно трите купени од швајцарската компанија „Штадлер Буснанг АГ“. На примопредавањето присуствуваше и претседателот Александар Вучиќ.

Брзиот воз може да оди со брзина од 200 километри на час и е првиот двокатен воз, кој ќе сообраќа на пругите во Србија.

Возот е квалификуван за ETCS (Европски систем за управување со воз) – форма на сигнализација што ја користат многу европски земји кои можат да управуваат со возови од центарот.

Станува збор за три најсовремени сетови со електромотори на два ката, со исклучителна удобност.

Возот има вкупно 316 седишта, вклучувајќи седишта за лица со намалена подвижност.

Има и WiFi интернет, дисплеи кои покажуваат зафатеност на седиштата и минибар.

Според претходните најави, билетот најверојатно ќе чини околу 1.000 динари.

Граѓаните двапати дневно ќе можат да патуваат директно од Белград до Нови Сад и да пристигнат за 30 минути, а тоа ќе чини околу 1.000 динари, без многу застанување.