
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗИМА КАКВА ШТО ДОСЕГА НЕ СМЕ ИМАЛЕ – познат српски метеоролог најавува снег веќе во декември
Добри вести за децата и љубителите на снегот, а за учесниците во сообраќајот и за оние кои ја сакаат зимата само низ прозорецот, никако. Во секој случај, според зборовите на познатиот српски метеоролог Чубрило, зимата која е пред нас, по долго време, нема да остави никого рамнодушен, бидејќи ќе биде сè само не обична.
Снег, дожд, бурни ветрови, е она што ќе не следи во следните неколку месеци, судејќи по факторите кои специјално за Блиц.рс ги анализира метеорологот и професор по географија од Нови Сад, Марко Чубрило.
„Според досега добиените и анализирани фактори, индексите на главните карактеристики на зимата што е пред нас за регионот на Југоисточна Европа треба да бидат: температурно просечна зима со можност првиот дел да биде постуден од просекот. Зимата е квантитативно побогата со врнежи, особено првиот дел. Честа појава на силни циклони и засилен ветер. Пообилен планински снег и почест снег во низините во однос на претходните зими. Вториот дел од зимата има одреден процент на веројатност, моментално околу 40 отсто да биде потопол од просекот“, го започнува своето големо предвидување Чубрило.
Како што вели, оваа зима, за разлика од минатата, ќе биде со повеќе врнежи, како на планините, така и во останатите делови од земјава, па се очекува зимата да биде постудена од минатата.
„Во моментов голем дел од прогностичкиот материјал укажува дека зимата 2021/22 над нашата земја треба да биде поинаква во однос на минатото. Се очекуваат значително повеќе врнежи, заедно со типични зимски циклони, кои би можеле да донесат значително поголема количина на врнежи од просечните. Температурата засега се чини дека зимата би била околу просечна, или малку потопла од просечната, со одредена веројатност (засега околу 30 отсто) да биде постудена и значително постудена од просекот.
Гледано по месеци, декември и јануари имаат најголем зимски потенцијал досега, кога регионот и Србија би можеле да бидат зафатени од неколку посилни влошувања со пообилни врнежи и силен ветер. Февруари може да донесе „помирно“ време со поретка појава на силни циклони и послаби врнежи, но со оглед на оддалеченоста на тој период, прогнозата за тој месец е многу неверодостојна.
Извор: Блиц.рс