24sedum.net

24 седум вести портал

Шилегов: Никој партиски другар не шефува, не шефувам и јас, граѓаните ќе препознаат и Скопје ќе продолжи да се развива стратешки

Градот секоја година објавува која инфраструктура ќе биде предмет на реконструкција.

Некаде април годинава објавивме што е во планот на градот, сезоната на градење е летната сезона. Еве на пример пластичарска кога е направена, Бит Пазар булеварот кога е реконструиран. Ние направивме 4 нови булевари и реконструиравме 40 улици за овој мандат. Тоа е во просек по 10 годишно. Не може ниту буџетски да си дозволите повеќе од она што е дозволено.

Изборите се во октомври, а периодот кога може да се работи на вакви работи е од мај до септември. Притоа внимававме при реконструкција на улиците да бидеме различни од она што беше претходно. Не постои начин да се направи реконструкција без да се смени секојдневието, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов во Топ Тема.

Град Скопје распиша тендер, потпиша договор со турска фирма која требаше да го изврши проектирањето на самиот тунел под Кале. За жал не ги исполнија условите и градот не го доби проектот. Ние го раскинавме тој договор и ја наплативме банкарската гаранција така како што е во законот. Градот во оваа фаза го реализира коридорот кој се движи од Аеродром кон Карпош. Во Аеродром го завршивме булеварот Асном, го завршивме мостот Михајло Апостолски, што значи дека граѓаните од Аеродром ќе можат да се движат кон Мавровка по тој коридор. Ние порано трошевме на стиропор, споменици а не на вакви проекти како што се градат сега, додаде Шилегов.

Изјавата на премиерот Заев дека ќе се повлече доколку тој не победи, Петре вели:

Не го чувствувам ова како притисок. Јас очекувам дека скопјани кои што беа гневни, оправдано кон некои политики, го испорачаа во првиот круг. Сега треба да се договориме кој треба да го води овој град. Јас се надевам дека граѓаните ги препознаат нашите стратешки политики. Никогаш не би сакал да шефувам. Ниту некој партиски другар шефува, ниту јас шефувам. Скопје се развива стратешки. Јас мислам дека со граѓаните ќе направиме договор дека јас сум тој кој што треба да го води градот.