
Д-р Беќаровски предупредува: Ако не се вакцинирате, Фајзер ќе ви ги земе парите, овој пат преку виагра!
Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во објава на Фејсбук предупредува дека прележувањето на Ковид 19 шест пати ги зголемува шансите за импотенција кај мажите, а ова го поткрепува повикувајќи се на истражување објавено во National Geographic.
„Почитувани мои БАЛКАНЦИ,
Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, Pfizer пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку Viagra. Шансите да станете импотентни по прележување на Covid-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми!!!!“, вели докторот во својата објава.
Д-р Беќаровски понатаму објаснува дека поради тоа што вирусот го напаѓа срцевиот мускул, поголеми се шансите да се заврши во болница, по конзумирањето вијагра.