24sedum.net

24 седум вести портал

Вложил 8.000, заработил 5,7 милијарди долари – за 400 дена (ФОТО)

Еден инвеститор претвори 8.000 долари во криптовалути во 5,7 милијарди долари, купувајќи милијарди шиба ину коини набргу по „дебито“ на валутата.

Овој потег сега се нарекува „можеби најголемата индивидуална размена на сите времиња“.

Серијата тргување започна во август 2020 година, кога инвеститорот купи околу 70 трилиони шиба ину монети, според неговиот поврзан крипто-паричник.

Во времето кога инвеститорот ги купил монетите од 8.000 долари, една монета вредела 0,000000000189 долари. Во моментот на пишувањето на статијата вредеше околу 0,00007941 долари, што претставува зголемување од над седум милиони проценти за само 14 месеци.

Крипто-паричникот сега поседува повеќе од 13 отсто од залихите од 549 трилиони монети, според CoinMarketCap.

Неочекуваниот пораст на вредноста на оваа криптовалута ја катапултира нејзината пазарна вредност на речиси 45 милијарди долари, што го засени dodgecoin и го направи Shiba Inu деветта највредна криптовалута во четвртокот наутро.

Поради овој настан многу инвеститори се „нервираат“, а останува да се види што ќе направи сопственикот на 70 милијарди шиба монети.