
Краток филм кој ќе ве претвори во вегетаријанци за две минути (Видео)
Една сосема обична ноќ Ерик одлучува со пријателите да оди на вечера во нов ресторан кој искуството со храната го крева на сосема ново ниво. Ветено им е незаборавно искуство и со нетрпение го дочекуваат келнерот.
Во стилот на серијата „Црно огледало“, ги дочекува страшно изненадување – пред да го добијат оброкот, тие мораат сами да го убијат животното чие месо сакаат да го јадат.
Ова е дејствието во краткиот филм „Casa de Carne“ (Куќа на месото), кој ја доби првата награда на Анимал филм фестивал, а во нешто повеќе од две минути авторот Дастин Браун сликовито прикажа што всушност правиме со консумацијата на месо.
Па, ако имате стомак за тоа, погледнете:
ИЗВОР: fakulteti.mk