
Мицkoски вечерва по изборните резултати му се заблагодари и на Апасиев – дали тоа значи дека преку Левица ќе се бара нова коалиција ?
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на прес-конференцијата по победата на опозицијата во повеќето општини од вториот круг, како и на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје, и упати посебна благодарност до партиите Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.
„Македонијо од вечерва почнуваш да го живееш нашиот сон за нова надеж. Македонија мора да се менува, а промените почнаа од вечерва. Надежта ја победи апатијата. Заеднички и сложно да го оствариме сонот за кој сонуваме 30 години.
Ќе продолжиме да ја бараме довербата и од оние кои не гласаа. Благодарност до Алтернатива и Алијанса на Албанците, благодарност до Левица на Апасиев. Сите заедно срушивме бариери.
Докажавме дека може да составиме една идна владина коалиција и да се обединиме околу една политичка цел. Македонија без корупција, интегрирана во ЕУ. Еден опозициски интегриран блок кој ќе донесе победа на идните парламентарни избори, за кои многу е веројатно дека ќе бидат предвремени.
Благодарност и до коалицијата ЛДП-ДОМ која остави граѓаните да одлучат по сопствена волја. Денеска да се радуваме, но да не славиме премногу, бидејќи она што се случуваше помеѓу двете круга не треба да го заборавиме“, рече Мицкоски.