24sedum.net

24 седум вести портал

Позната излезноста до 13:00 часот – гласале 269.674 луѓе

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски предмалку на прес-конференција информираше дека до 13 часот правото на глас го искористиле 24,87 гласачи, односно вкупно 269.674 гласачи.

-Што значи дека излезноста е поголема од минатиот круг, од првиот круг во ова време, рече Даштевски.

Најголема излезност има во Вевчани каде што на гласање излегле 52,46 отсто. Потоа следуваат Ранковце со 47,76, Демир Капија 44,41, Конче 42,65, Пехчево 42,18, Демир Хисар 39,68, Пробиштип 38,42, Кратово 36, 02, Лозово 35,82, Дебар 34,82, Гевгелија 34,24 отсто.

Најслаба е излезноста во местата каде електоратот е главно од албанска националност. Сарај има 9,74 отсо, потоа следуваат Теарце со 15,85 и Шуто Оризари со 15,80 проценти излезност.