24sedum.net

24 седум вести портал

Премиерот Заев си поднесе оставka и од СДСМ и од фунkцијата премиер

Дозволете и јас од името на СДСМ да им честитам на нашите опоненти, победата на овие избори. Ја преземам одговорноста на себе. Поднесувам оста а од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни сили. Посакувам чесно да им служите на граѓаните.

Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО. Верувам дека имаме шанси да почнеме преговори со ЕУ за неколку месеци. Го обединивме нашиот народ и покрај пандемијата која владееше. Направивме историско пријателство со соседите. За нас прогресивните дојде политичка казна. Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари кај опозицијата дадени заради економски причини. Жалам што овие пари се причина за ваквиот резултат. Сакам да изразам разочараност затоа што мнозинството од народот ги избраа истите луѓе кои пред 4 години пред очите на целата јавност тргнаа да убиваат.

На овие избори видовме сојузи, здружени насилници и жртви на насилството за власт. Не е воопшто тешко заминувањето од политиката. Јас сум убеден дека заедно со прогресивното граѓанство сум донел слобода и демократија, а кога е слобода и демократија, народот одлучува.

Според мене граѓаните треба да поддржуваат храбри политичари кои носат тешки одлуки за државата да оди напред. Почитувани граѓани, јас ја преземам одговорноста за прогресивните сили. Оставката ја поднесувам и од премиер и од претседател на СДСМ. За крај, и во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Претстојат 2 години за работа од кои корист ќе има државата. Ќе останам периодов додека се организира нова Влада со прогресивно мнозинство кое постои а може да биде и зголемено. Јас сум дел од СДСМ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ. Господ да ни го чува народот и Северна Македонија.