24sedum.net

24 седум вести портал

Реакцијата на Меланија на навивањето на Трамп стана ХИТ (Видео)

Снимката во која Меланија прави гримаса за време на бејзбол натпревар од светската серија, што го гледа со Доналд Трамп, стана вирална на социјалните мрежи.

Двојката вчеравечер присуствувала на натпреварот помеѓу Атланта Брејвс и Хјустон Астрос во Атланта. Очекувано, сите погледи беа вперени во парот, а една камера снимила прилично незгоден момент за време на натпреварот.

На снимката се гледа како Трамп го крева палецот и аплаудира додека до него стои насмеаната Меланија. Но, додека се оттргнува од камерата, насмевката на поранешната прва дама брзо се претвора во гримаса.