24sedum.net

24 седум вести портал

Тешка сообраќajна несреќа на регионалниот пат Куманово-Скопје, 6 лица се повредени

Шест лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што се случила на магистралниот пат Куманово-Скопје.

На 30.10.2021 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа“, атар на село Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од село Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од село Никуштак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од селото Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од селото Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од село Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.