24sedum.net

24 седум вести портал

ЗАКЕРБЕРГ ОБВИНЕТ ОД ГРК ДЕКА ГО УКРАЛ ИМЕТО Јанис Варуфакис го користел „Мета“ пред него (ФОТО)

Изгледа и на Грците не им е лесно. Името „Мета“ бил насловот на „Центар за посткапиталистичка цивилизација“ кој го води Варуфакис, а тој му порача на Закерберг „да ги тргне рацете од името“.

 

 


Изгледа и на Грците не им е лесно. Името „Мета“ бил насловот на „Центар за посткапиталистичка цивилизација“ кој го води Варуфакис, а тој му порача на Закерберг „да ги тргне рацете од името“
„Тргнете ги рацете од нашата „Мета“, Центар за посткапиталистичка цивилзација, господине Закерберг. Вие и вашите полтрони не би ја препознале цивилизацијата дури ни ако ве удри како весло од брод“, напиша Варуфакис.

Иако самиот збор „мета“ е од старогрчко потекло, значејќи „одзади“, сепак не е јасно на што алудира Варуфакис кога вели „цивилизација“.

„Закерберг штотуку ја „позајми“ нашата Мета (https://metacpc.org) за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми“ името на нашето движење, DiEM (http://diem25.org) за да ја ребрендира неговата криптовалута Либра. Што е следно? Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!“, напиша Варуфакис на „Твитер“, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета.