24sedum.net

24 седум вести портал

Знаете ли koлку би чинела популарната Zastava 101 денес?

Застава 101, популарно позната како Сто-кец, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, а беше создадена врз основа на тогаш технички многу модерен Fiat 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени со доминантната хечбек варијанта.

Петтата врата во тоа време беше реткост, а Zastava 101, покрај дизајнерскиот пробив, беше привлечна за купувачите и поради поволната цена.

Овој модел брзо стана најпродаваното возило на Застава на просторите на поранешна Југославија, а поради пристапната цена постигна значителен извозен успех, пред се во земјите од Источна Европа, но и ширум светот. Фејсбук страницата „Застава 101 Форум“ објави извадок од магазинот АВТО, кој е објавен далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел.

Како што можете да видите, тогашната цена беше 40.040 динари или 2.084 долари.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните речиси 50 години, доаѓаме до податокот дека денес Застава 101 би чинел точно 11.441 евро, а дали е многу или малку, проценете сами.