24sedum.net

24 седум вести портал

По вчерашната оставka: Заев ги повикал претседателите на партиите кои се во владина коалиција – ќе разговараат за нов премиер?

Денеска во владата од страна на Заев се повикани претседателите/ или потпретседатели на партиите од актуелното парламентарно мнозинство, на првични разговори за нов премиер и состав нова влада, како и можен тајминг за нејзината оставка и (ре)избор, објави Нетпрес.

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот?

Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата см *т или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела
оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува
на должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.