24sedum.net

24 седум вести портал

Тодоров до сопартијците од ВМРО: Ако сакaaт да дојдат на власт, треба да се каже како ќе се реши проблемот со Бугарија?

Сметам дека една широка Влада може да заврши голема работа за евроатланскиот пат, за да станеме полноправна членка на ЕУ. Сега имаме енергетска криза, на врата ни тропа можна инфлација, цени кои може да имаат последици по економијата. Од еден многу турбулентен период, ваква постапка може да биде добра за државата. Проблемот со Бугарија е голем, тој е потежок и од оној со името во Грција. Можеби некој смета дека грешам, но сметам дека тоа е токму така.

Ова прашање треба внимателно да се пристапи. Како ВМРО овде ќе се постапи, тоа е клучно и значајно прашање, вели Тодоров.

За ВМРО можеби во моментов е најдобро да останат во опозиција и да го остават СДСМ да крвари и тие да бидат оние кои ќе ги решаваат овие проблеми, додава тој.

Зошто притисокот од Ахмети Заев да остане? Бидејќи тој смета дека оваа Влада може да ги реши овие прашања кои се тешки, но и значајни за иднината на земјата. Мислам дека во Бугарија нема да има спремност за решавање на овој спор и ова прашање.