
Вучиќ објави ФОТО со Пендаровски и Еди Рама: Во дилема е – по оставката на Заев дали се оддржи средбата во Белград или да се одложи?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, според неговата последна објава на социјалните мрежи, размислува дали да се откаже состанокот за Отворен Балкан закажан за 3 и 4 ноември во Белград.
„Силна поддршка за отворен Балкан. Дали да го одржиме или да го одложиме состанокот во Белград имајќи ги предвид случувањата во Скопје“,
напиша Вучиќ.
Во објавата, српскиот претседател има и фотографија со претседателот Стево Пендаровски и албанскиот премиер Еди Рама, со кои заедно се наоѓа на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов, што се одржува денеска и утре.
Српски Танјуг, пак, објави дека од кабинетот на премиерот во оставка, Зоран Заев, кажале дека тој нема да отпатува за Белград, но оти ќе испарат друг политички претставник.
Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од челната позиција во СДСМ, по поразот и во вториот круг од локалните избори.
Денес и утре Глазгов е средиштето на светските лидери кои учествуваат на Самитот за климатски промени #COP26.
#СевернаМакедонија активно придонесува кон целите кои ги има преземено во оваа насока. Имав можност да се сретнам и кратко да разговарам со, Justin Trudeau, премиер на Канада, принцот Алберт Втори од Монако, премиерот на Ирска Micheál Martin, канцеларот на Австрија Александер Шаленберг, Elizabeth Truss, британска министерка за надворешни работи, женски прашања и еднаквост, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, Володимир Зеленски, претседател на Украина, Никос Анастасијадис, претседател на Република Кипар и Јонас Гар Стор, премиер на Норвешка, објави на Фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски