24sedum.net

24 седум вести портал

Зоран даде оставка, се огласи Александра Заева – еве ја нејзината порака до цела јавност

Oткако Заев вчера ја најави својата оставка веќе почнаа калкулациите како ќе се избере нов премиер. Уставот по ова прашање е јасен и вели дека не е можно да се избере само нов премиер а владата да продолжи нормално да функционира. Со еден збор со оставката на Заев паѓа и целата влада.

Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“стои во членот 93 од Уставот.

Сега Заев ќе мора на претседателот на Собранието да му ја достави оставкaта а потоа шефот на државата Пендаровски е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието а тоа се уште е коалцицијата околу СДСМ.

И додека сето тоа ќе биде нов „бум“ на политичката сцена, на социјалните мрежи се огласи неговата ќерка, Александра Заева.

Објави фотографија со својот татко и напиша „Мојот херој“. Воедно и цитираше дел од неговиот говор на синоќешната прес-конференција.

-Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО. Верувам дека имаме шанси да поченем преговори со ЕУ за неколку месеци. Го обединивме нашиот народ и покрај пандемијата која владееше. Направивме историско пријателство со соседите. Според мене граѓаните треба да поддржуваат храбри политичари кои носат тешки одлуки за државата да оди напред. Сакам да изразам разочараност затоа што мнозинството од народот ги избра истите луѓе кои пред 4 години пред очите на целата јавност тргнаа да убиваат. Господ да ни го чува народот и Северна Македонија.