24sedum.net

24 седум вести портал

Бајден задрема и на климатскиот самит (видео)

Американскиот претседател Џо Бајден, како што изгледа на снимката направена на климатскиот самит во Глазгов, повторно задрема и тоа во текот на почетните говори на отворањето на собирот.

Бајден е снимен како со прекрстени раце седи и постепено тоне во сон додека се бори да ги држи очите отворени, пишува Мирор.

На снимка споделена од Вашингтон Пост, се гледа како 78-годипниот Бајден дреме по што му приоѓа помошникот и го буди.

Бајден потоа ги затвори очите, ги спушти рацете, па му аплаудираше на говорникот кој заврши со своето излагање.

Снимката со Бајден како дреме набргу се рашири на социјалните мрежи и предизвика различни реакции.