
Би отишол ли Апaсиев со Села во Влада, или обратно?
По последните анализи за тоа дали е можно ново парламентарно мнозинство, се отвара едно интересно прашање кое во себе крие голема дилема, а тоа е дали господинот Апасиев од Левица би бил дел од Влада со Села, или обратно дали првиот човек на Алијанса, господинот Зијадин би бил во Влада со Апасиев?
Зошто?
Различни политички толкувања и програми. Според Алијанса, треба стрикно да се почитува Преспанскиот договор и неговото имплементирање. Според Таравари, Мицкоски го прифатил тоа. Прашањето е како Апасиев би реагирал на ваквиот предлог и услов за да биде дел од ново парламентарно мнозинство и дали истиот може да си го погази зборот околу Преспанскиот договор?
Сепак од друга страна, според партнерите на СДСМ не се потребни ноби и избори и парламентарното мнозинство е стабилно.
Денес се прошири информацијата дека Димитров ќе биде оној кој ќе биде технички премиер. Оваа вест доаѓа во германски медиум откако претходно беше соопштено дека наместо Заев, Димитров ќе биде тој кој ќе замине на средба за “Отворен Балкан” во Србија