24sedum.net

24 седум вести портал

ФОТО: Аца Лукас позајмил пола милион евра за да си купи стан – еве од кого и еве како изгледа

Пејачот Аца Лукас во една од неговите изјави откри дека позајмил пола милион евра од Саша Поповиќ за да купи стан и дека му ги вратил парите. Сега тој ги отвори вратите на својот дом и покажа што се наоѓа внатре.

На влезот од десната страна се наоѓа огромна дневна соба во која Лукас поминува највеќе време, а во еден дел се наоѓа и бел клавир, како и квавијатура.

Бидејќи Аца е љубител на игри, во дневната имало и џоистици за нив. Масата во дневната соба изгледала баш како голем куфер и дава посебен печат на неговот катче.

Секој детаљ од станот бил избран специјално од Лукас, а не чуди што во дневната соба се наоѓа огромен портрет од него. Покрај своите, на ѕидовите Лукас има спомени со своите деца, како и цртежи од наследничката Викторија. На едно место му се наоѓаат и многубројните награди кои ги добивал во неговата кариера.