24sedum.net

24 седум вести портал

Фросина Ременски се пофали: Баба ми беше мајстор за влашка кујна, учев од неа во кујната а денеска го подготвив следниот рецепт (Фото)

Мојата покојна баба (мајка на мојот татко) Лилјана (Маџарова) Ташевска беше мајстор за влашка кујна

Од неа учеа да готват многу кувари во старите градски кафеани низ Македонија.

Таа лекција беше задолжителна за ќерките, синовите, снаите, внуките и внуците во фамилијата на дедо ми Трајче Шнајдерот (Влавот) во Крива Паланка. Сите сме гурмани и знаеме да готвиме – и старо и младо, и машко и женско.

На традиционалните семејни ручеци се наоѓаше се’ од млечни производи, но деликатеси имаше безброј: чомлеци, ѓувечи со овчи врат, саламурено јагнешко, зелник со ситно сецкан црн џигер, мез’лци, сарамсаклии, подвароци со свински глави, јагнешки чорби од главчиња итн.

Учевме сите од неа во кујната, учев и јас. Како што ветив денес подготвив. “Телешки образи со вргањ, тиква и бело вино во земјана тава”готвена 6 саати во рерна на температура од 160°С

Се става во тавата сецкано се наеднаш, со сите зачини по желба, се прелива со бело вино и малку вода. Се “бетонира” тавата со тесто и се крчка на тивко 6 саати.

Кога ќе биде готово и ќе го отворите “ќе паднете во несвест” од прекрасниот мирис, а кога ќе се”освестите” ќе треба да имате мерка колку ќе изедете, со или без потпечено лебче и лутко. До друг рецепт

На здравје ручек на сите добри и вредни луѓе на Македонија

Претходно, пред три дена, Ременски објави статус:

Добро утро Македонијо каде и да си. Добро утро добри и вредни луѓе. Тиквите од кајсијата стигнаа за берба.

Скопска берба – ратевско семе. До година повеќе

Ременски се почесто поминува време во Ратево, а еве што објави за Даме Груев пред околу десетина дена

Добро утро Македонијо каде и да си. На 12 километри од Берово на врвот Петлец на ова место во 1906 година е убиен македонскиот револуционер Дамјан Груев. Слава му