24sedum.net

24 седум вести портал

Каракачанов: Загрижени сме поради победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Правата на етничките Бугари во Македонија одговараат на нивото на Титова Југославија, изјави поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Тој ги коментираше резултатите од локалните избори во Северна Македонија, по кои премиерот Зоран Заев поднесе оставка. Според Каракачанов, сега прашањето за влезот на Македонија во Европската унија изгледа многу комплицирано.

Поранешниот бугарски вицепремиер изрази жалење што владата на Заев не можела да најде заеднички јазик со Бугарија, што ќе и овозможи на земјата почеток на преговорите за членство во ЕУ. Преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ не се ни започнати, бидејќи односите меѓу Софија и Скопје се замрзнати, додаде Каракачанов.

-Сè можеше да биде многу поедноставно доколку Заев и неговата влада се трудеа да ги исполнат условите предвидени во Договорот за добрососедство, констатира бугарскиот политичар и додаде дека на тој начин веќе би биле во тек преговорите со ЕУ.

-Се разбира, не можеме а да не бидеме загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Тоа се оние кои зборуваа за потребата од раскинување на договорот, за обновувањето на натписите на спомениците кои ја карактеризираат нашата земја како фашистички окупатор и кои повикаа на општа дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија, заклучи Каракачанов.

извор: fokus.mk