
По дома ќе си ја викам „Македонија“, а „Северна“ ќе биде онаму од каде што вадам леб
Фејсбук статус на Ребека С.
Логикава на нашиве политичари е дека по дома, пред жена ми, децата, братучедите, „Северна“ упс „Македонија“, ќе си ја викам „Република Македонија“, ќе пеам за Македонија, ќе викам и урлам за македонското име, ама ко ќе дојде ред ќе си го почитувам Уставот и за мене тоа ќе биде завршена работа.
А бе како така? Па нели велевме Преспанскиот договор треба и може да се ревидира. Нели некои велеа дека сега наместо македонци сме граѓани на Република Северна Македонија. Ако сме граѓани на Република Северна Македонија, тогаш како тоа овој договор е завршена работа. Како тоа тогаш овој договор треба да се почитува? Па нели некои не велеа така?
Или пак?