
Политичар предлага: Советниците кои не ја почитуваат „Северна Македонија“ да го вратат паушалот назад
Министерот за локална самоуправа, Горан Милески, бара новите советници во општините да го почитуваат Уставот како највисок правен акт и во свечените изјави односно заклетвите да стои уставното име Република Северна Македонија.
Тој признава дека во Законот за локална самоуправа сè уште стои името „Република Македонија“, а измените во кои ќе биде наведено новото уставно име сè уште не биле доставени до Собранието затоа што за нивно усвојување било неопходно двотретинско мнозинство.
– Јас можам да ги охрабрам и понатаму ако сакаат нека си работат вака, меѓутоа паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија нека го враќаат – вели Милевски за ТВ Телма.
Ова доаѓа откако во Штип советниците од ВМРО-ДПМНЕ избраа да го користат името „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, по што советниците од СДСМ ја напуштија свечената седница, поради како што велат, непочитување на Уставното име на државата.