
Познатo кој заминyва во Белград наместо Заев – дали тоа ќе биде новиот премиер?
Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок утре и задутре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
Земајќи ја предвид политичката кариера на Никола Димитров, како и неговото искуство во меѓународните односи, се поставува прашањето дали Зоран Заев веќе го избрал својот наследник во Владата на Република Северна Македонија и дека токму Димитров е тој кој би ја водел Владата во идниот период?
Деновиве ќе има иницијатива за да се поддржи Зоран Заев низ општинските организации на СДСМ, со цел тој да ја преиспита одлуката и да остане на чело на партијата. Сепак, дали Заев ќе остане цврст на својот став дека поднесува оставка и од лидершипот на СДСМ, останува да видиме во деновиве кои претстојат.