24sedum.net

24 седум вести портал

Уникатно: Кучиња дресирани од војска да намираат koронавирус (ВИДЕО)

Истражувањата ширум светот покажале дека кучињата можат да го користат своето моќно чувство за мирис и да откријат koронaaвирус со висок степен на точност.

Австриската војска успешно обучила две кучиња да намирисаат инфекција на ковид-19, соопштила денеска војската и додала дека постојат многу докази дека кучињата можат да бидат распоредени да идентификуваат носители на вирусот.
Австриската војска сега во целост обучила две кучиња, белгиски овчар и ротвајлер, да откријат коронавирус откако намирисале повеќе од 3.000 примероци, вклучувајќи користени маски за лице, со стапка на успешност повисока од 80 проценти, изјавила министерката за одбрана Клаудија Танер, пренесува “Reuters”.

“Одамна знаеме дека нашите службени кучиња можат да намирисаат разни материјали…Но тоа што го постигнавме тука е нешто многу посебно”, рекла таа на прес-конференција.

Истражувањата ширум светот покажале дека кучињата можат да го користат своето моќно чувство за мирис и да откријат коронавирус со висок степен на точност, што сугерира дека би можеле да бидат редовно распоредени како дополнителна линија на безбедност на големи настани и на границите.
Аеродромите во Финска минатата година почнале да распоредуваат кучиња кои служат за проверка на ковид-19 при доаѓање на патниците.