24sedum.net

24 седум вести портал

Васко Ефтов распали по Бранко: Тој и неговите луѓе кои едни избори не добија, сега работат против своето дете поради својата суета

Бранко Црвенковски со своето однесување наметна дека не е срамота да се гласа против СДСМ. Можете ли да замислете Обама тајно да работеше за Трамп?

Прашање е на домашно воспитување за кого лобирате и работите. Можете Вие да не помагате, но да и одмагате на партијата на која сте основач, на која сте татко ДНК на СДСМ, тогаш прашање на домашно воспитување е како можете да работите против своето дете.

Дали сте го слушнале Груевски да лобира Мицкоски да изгуби на изборите. Напротив. Тој после голем митинг на Виктор Орбан ги испраќа на своите најголеми соработници да ги охрабри дека Виктор Орбан со сигурност ќе победи на изборите. За разлика од тој Груевски кој не може да биде во државата во која бил 10 години премиер, и не му паѓа на памет да лобира против Христијан Мицкоски, Бранко седи во Слатино и работи против СДСМ. Сите негови гавази кои не добија ниту едни избори работат против Заев. Колку треба да бидете себичен и да го направите тоа, вели Васко Ефтов во својата анализа „Во Центар“.

СДСМ требаше да каже дека е срам да се гласа за кандидати на ВМРО. Главен противник на овие избори не е Арсовска, не е Мицкоски, туку Бранко Црвенковски. Некој да ми кажуваше дека членовите на ВМРО ќе го величат Бранко, јас немаше да им верувам. Генерации израснаа на омраза на Бранко. Се форматираа мразејќи го Бранко. Тој беше папата. Уште слика да носат на него остана.

Според Васко Ефтов Мицкоски бил член на ВМРО-НП. Прашајте го Тодоров дали Мицкоски го имало во евиденцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој експлицитно ќе каже дека тој не бил во ВМРО-ДПМНЕ, додава Ефтов.

Според Ефтов, битката АнтиСорос ги обединува Ердоган, Вучиќ, Илир мета и Виктор Орбан. Погледнете што прават. Тука е и Никола Груевски. Таа структура спроведе шарена револуција број 2. 2021 година ни е направена шарена револуција број 2 направена од антисорос структури. Оваа револуција беше невидлива и го сруши СДСМ на овие избори. Шарена револуција број 2 кои ја спроведоа антисорос структурите треба да резултира со рушење на Владата на СДСМ баш во периодот кога Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, рече Ефтов во анализата.