
Вучиќ ја анализира оставката на Заев: Не е само поради поразот од локалните избори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска оценил дека оставката на премиерот на Македонија, Зоран Заев, не е само последица од резултатите кои неговата партија ги остварила на локалните избори, туку и личното разочарување по прашањето на разговорите на нашата држава со Европската унија.
“Му кажаа дека ако го потпише Преспанскиот договор Македонија ќе добие отворање на преговори со ЕУ, а тоа не се случи”, рекол Вучиќ за “TV Pink” во вклучувањето од Глазгов, каде учествува на Самитот на ОН за климатските промени.
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, вчера поднесе оставка на таа и на функцијата лидер на СДСМ, по неуспехот на партијата на локалните избори.
Вучиќ рекол дека по оставката на Заев остануваат многу прашања за тоа како работите ќе се одвиваат во наредниот период, односно дали ќе се оди на нови избори или ќе остане актуелното мнозинство, дали ќе се менува односот кон Бугарија и дали ќе дојде до заострување на политичките прилики во Северна Македонија.
Претседателот на Србија рекол дека во Глазгов се состанал со поголем број на светски лидери со кои зборувал за бројни прашања, како што е цената на електричната енергија и обезбедување на енергетска сигурност за својата земја.
Вучиќ рекол дека прашањето за климатските промени сега се наметнува како клучно и дека сите земји мора да ја намалат емисијата на јаглерод-диоксид и да работат на создавање на обновливи извори.