24sedum.net

24 седум вести портал

HЕ CАКАМ да платам CMETKA кога ќе излезам со девојка, ЕВЕ 3ОШТО…

Неодамнешно истражување во Велика Британија покажа дека правилата за излегување се целосно променети.


Повеќе од една третина од испитаниците немаат ништо против отворените врски, секој петти порано бил во таква врска, а правилата за оние кои сè уште бараат моногамна врска се променети.

Половина од испитаниците сметаат дека мажот треба да покани жена на состанок. Сепак, третина од мажите кои учествувале во истражувањето сметаат дека не се обврзани да ја платат сметката на првиот состанок, а со тоа се согласуваат повеќе од половина од жените. Петнаесет отсто од мажите изјавиле дека би биле навредени ако жена им ја плати сметката, додека една од десет жени изјавиле дека би биле навредени ако мажот им ја плати сметката.

Британецот Рајан Хармс (28) од Гилдфорд вели дека на почетокот од врската никогаш не се согласува да ја плати сметката.

– Не плаќам за првите неколку состаноци. Знам дека се однесувам како скржавец, но ми се смачи девојките да ме користат за бесплатен ручек. Работам напорно за да ги заработам тие пари и сум бил разочаран многу пати. Девојките треба прво да ја добијат мојата доверба за да им платам ручек. Освен тоа, многу жени сега заработуваат повеќе од мене, не гледам зошто тие не би честеле. Знам дека на жените не им се допаѓа тоа, но така е. Зошто да не потрудат и тие? – вели Рајан, кој во моментов нема девојка.

Сами Лукс, ѕвездата на OnlyFans, има 19 години и сè уште е студентка. Оваа девојка од Ливерпул вели дека таа секогаш ја плаќа сметката.

Мажите најчесто ги запознавам преку Интернет, а понекогаш преку пријатели. Мислам дека сметките треба да се делат. Современите жени можат да си дозволат да платат половина од сметката, а со тоа покажуваат почит кон мажот – вели таа.