
Кои производи се очекува да поскапат?
Поскапувањето на храната го засега сечиј џеб, но најмногу ранливите категории. За 6,3% е зголемен уделот на храната и безалкохолните пијалоци во вкупната потрошувачка кошничка на домаќинствата за две години. Ако во 2018-та изнесувал 38.7 % во 2020 -та се искачил на 45%, според податоците на Заводот за статистика. Потребно ли е да интервенира државата и во планирањето на буџетот да одвои средства за нивно субвенционирање, покрај социјалната помош.
„Јас како што споменав во делот на социјална заштита, политиките што беа презентирани од министерството и што се кажани во јавност се инкорпорирани во буџетот тоа ја опфаќа дополнителен социјален приход и сите роформи што беа најавени што се донесоа тука се предвидени тие средства во рамки на буџетот, а подетално од ресорните министерства“, истакна Фатмир Бесими.
Неодамна и од Стопанската комора потенцираа дека некои производи може да поскапат и за 50 проценти. Оттаму рекоа дека на фармерите трошоци им се зголемени за 70 – 80 проценти. За 10 – 11 отсто се зголемени трошоците во млечната индустрија. Слична е ситуацијата и во месната индустрија, а скок на цените има и на житарките и на маслодајните семиња кои во моментов се повисоки од 20 до 100 проценти, отколку пред една година.