24sedum.net

24 седум вести портал

Мечka, непокaнет гостин на свадба – сватовите мирно ручaaт (Видео)

Американката Енџи Диса на ТикТок раскажа како била на свадба на нејзината братучетка во Мексико, во паркот Чипинке, околу кој има планина со шума што е дом на многу животни.

Таа објави видео на TikTok на кое се гледа како мечката доаѓа на свадбата и се качува на маса. Тоа видео е прегледано три милиони пати, а корисниците на TikTok најмногу коментирале дека се изненадени што гостите останале мирни, иако покрај нив шетала мечка.

„Како сте сите толку мирни?“, „Луѓето седат на маси како да дошло нечие куче“, „Момчето во сино не престана ни да јаде“, „Мечката дојде само да им честита на младенците“, „Зошто луѓето така се однесуваат дали е ова нормална ситуација? Ова е мечка “,” Почесен гостин “, се само дел од петте илјади коментари под снимката.

Енџи Диса подоцна објаснила зошто сите биле толку мирни кога се појавила мечката. Ден пред свадбата дошле на дестинацијата и спиеле во хотел, а веќе тогаш во околината забележале неколку мечки. На сите им било познато дека таму има многу животни. Таа објаснила дека вработените во паркот им рекле на гостите да не се движат ако се појави мечка бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

„Мислам дека мечката ја проба храната и дојде да види дали може да изеде нешто. Кога дојде, сите ја сликаа и ја снимаа, а вработените ни рекоа да не се движиме“, рекла таа.

@angiedisa

He just wanted some food 😪 #smh #SaveIt4TheEndZone #MakeADogsDay #myfinALLYmoment #mexico #wedding #beartok #fyp

♬ original sound – Angie Disa

“Ова не беше голема мечка. Затоа останавме мирни и дозволивме персоналот да се погрижи за тоа. Персоналот очигледно знае како да се справи со вакви ситуации. Најлошото што можевме да го направиме беше да врескаме и да побегнеме бидејќи тогаш мечката ќе се исплашеше. Мислевме дека е најдобро да останеме смирени, да продолжиме да јадеме и да чекаме персоналот да се погрижи за ситуацијата бидејќи не сакавме таа да стане опасна“, додаде таа.