24sedum.net

24 седум вести портал

Мицкоски: Преспанскиот договор не нѝ се допаѓа, но е реалност и ќе го почитуваме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека промената на името е реалност и тоа мора да се почитува во институциите, но вели еден ден ќе работи тоа да се смени.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на почитувањето на Договорот од Преспа откако во неколку општини новите советници од ВМРО-ДПМНЕ поделија и потпишаа изјави со името Република Македонија, Мицкоски кажа дека тоа е поради неусогласеност на Законот за локална самоуправа со Уставот и уставните измени.

Но, како што кажа, Северна Макеоднија е реалност и нивните пратеници во Собранието потпишале изјава со новата придавка.

-Тоа што се случува во советите е резултат на неусогласеност на законите со Уставот. Законот за локална самоуправа за жал не е усогласен со Уставот и уставните измени и тие изјави што ги даваат идните советници се такви како што се. Дали некој сака од тоа да направи дефокус од главната тема, а тоа е оставката на Зоран Заев и падот на оваа влада, е друга тема.

Прашан како ќе ја смени таа реалност Мицкоски кажа “Кога ќе седнеме на маса еден ден со нашите пријатели ќе се обидеме да ги убедиме дека оваа реалност за народот во Македонија е понижувачка“.