
Новиот градоначалник на Бутел „открил“ 40-тина вработени во општината кои не оделе на работа
Дарко Костовски, новиот градоначалник на Бутел во вечерашната Топ Тема на Телма, рече дека по првичните анализи на работата на претходникот откриено е дека 40-тина луѓе биле вработени во општината и добивале плата, иако не доаѓале на работа.
Костовски, кој е од ВМРО-ДПМНЕ, и го победи претходникот Велимир Смилевски од СДСМ, истакна дека имало и обид за прикривање на овие вработувања.
Во овие како што ги нарече фиктивни вработувања имало и луѓе ангажирани за одржување на хигиена по договор на дело, од кои некои не доаѓале на работа, но имало и 20-тина вработени во администрација на општината, а договорот им истекувал во ноември.
Костовски најави дека се прави анализа на проектите во општината за да се провери дали се изведени правилно или со злоупотреби.
извор: telma.mk