24sedum.net

24 седум вести портал

Од вторник kризна состојба за струјата

Кризна состојба од вторник, но без рестрикции. Министерот Бектеши утре ќе го достави барањето во Влада. Но вели граѓаните да бидат мирни, нема да се гаси струја.

Кризна состојба се прогласува за да може финансиски да се помогнат енергетските компании кои изминатиов период направија големи трошоци за да ги обезбедат потребните количини. За ова најверојатно ќе се користат околу 100 милиони евра пари кои останаа неискористени од ковид мерките.

Пред само неколку дена Владата на седница за време на изборен молк донесе нова уредба за прогласување на кризна состојба во енергетиката. За дел од енергетичарите со ваквата уредба се доцни многу, зошто земјава по сите параметри одамна требаше да прогласи кризна состојба.

Според Дединец пак со уредбата не се доцни, таа ќе даде јасни насоки што треба да се прави во кризна состојба. Сепак ги повика граѓаните да бидат внимателни во користењето на електирчната енергија.

Според уредбата кризна состојба се прогласува кога земјава има недостаток на струја поради хаварија, временски непогоди , нарушување на пазарот со струја. А врз основа на степенот, се носи одлука како ќе се спроведуваат рестрикциите. Прво се гаси уличното осветлување и светлечките реклами.

Во меѓувреме ЕСМ успеа да ги најде потребните колични јаглен за активирање на третиот блок во РЕК. Оваа струја од ЕСМ посочија дека ќе се користи за потребите на стопанството. Од компанијата соопштија дека девет фирми пројавиле интерес ,- два домашни рудници, фирми од Албанија, Косово, Босна и Турција.Сепак експертите велат не е смао да се најде јагленот, проблемот е како ќе се донесат 900 илјади тони во змејава и колку време ќе биде потребно за тоа.

И додека се обезбедат потребните колични стурја од домашно производство, недостатоците се надополнуваат од европската мрежа, за што сметката на Мепсо за октомври ќе надмине 15 милиони евра.