24sedum.net

24 седум вести портал

ЗАЕВ ПОТВРДИЛ: Тој заминува, но СДСМ останува со 4 пратеници плус во Собранието и поцврсто парламентарно мнозинство?

Според неофицијални партиски извори, премиерот Заев донел и конечна одлука односно потврдил пред своите коалициони партнери дека ќе се повлече, но дека тоа повлекување не значи нови парламентарни избори, туку поцврсто паралментарно мнозинство.

Горан Милевски од ЛДП не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња

Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар. За 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада. Оваа динамика на политичката сцена по неделните избори, но и дилемите дали Заев ќе се повлече дури пред Нова година, вечерва ја најави владиниот партнер на Заев – лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња, објави телевизија Сител.

Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставка поради лошите изборни резултати.

Тој нагласи дека очекува да се зголемува владејачкото мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива, од којашто се чека одговор дали ја прифаќа оваа понуда.