
Дали вода треба да се пие пред или после кафето?
Од дамнина е обичај кога се послужува кафе тоа се прави со локум, коцка шеќер или орев, но со текот на времето оревот се изгуби. Сепак, се смета за непишано правило дека кога ќе послужите кафе, на гостинот му носите и чаша вода.
Дали треба водата да се испие пред или после кафето? Или да се пивнува по некоја голтка малку по малку, една по друга?
Експертите тврдат дека најдобро е прво да се напиете барем малку вода, за да ја исплакнете устата од сѐ што можеби сте јаделе или пиеле претходно. На тој начин ќе се освежи непцето и ќе биде подготвено за да уживате во црниот пијалак. Исто така, не е вообичаено да пиете вода и кафе наизменично, освен ако тоа не е вашиот вообичаен утрински ритуал дома или на работа, кога пиете долго кафе од голема шолја.
Кога сте на гости и ве послужуваат со обично, мало кафе, пред тоа мора да се напиете вода. Единствен исклучок е ако кафето не ви се допаднало, па сакате што побрзо да го елиминирате неговиот вкус. Во тој случај по кафето се пие вода. Но, внимавајте несвесно да не ја навредите домаќинката – ако навистина треба да пиете вода после кафето, направете го тоа да не забележи или најдете некој мал изговор.
извор: kajgana.com.mk