24sedum.net

24 седум вести портал

Државјанин на САД истепал тројца полицајци во станица во Кисела Вода

Државјанин на САД на возраст од 42 години со боксови истепал тројца полицајци кои го привеле во станица поради сторен прекршок против јавниот ред и мир.

Скопското обвинителство поведе постапка против него за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

-Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот.

Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди, велат од скопското обвинителство и појаснуваат дека во тој момент двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди.

По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот, велат од обвинителство.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.