
Луѓето над 40 години треба да работат три дена неделно
Луѓето повозрасни од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата, се наведува во ново истражување објавено во Melbourne Institute Working Paper.
Во истражувањето во кое беа опфатени 3.000 мажи и 3.500 жени, на испитаниците им биле поставени прашања за нивните работни навики, како и когнитивни задачи.
До 25 работни часа тие биле многу успешни во решавање на задачите, а потоа сѐ тоа одело послабо и побавно.

– Работата е меч со две острици. Од една страна го стимулира мозокот, а од друга, долгото работно време може да предизвика стрес, како и да ја ослабне работата на мозокот, смета Колин Мекензи, еден од авторите на истражувањето.
Интересно е и тоа што луѓето кои се веќе во пензија, постигнуваат подобри резултати во умствените тестови, во споредба со луѓе кои работат 55 часа неделно. Стандардното работно време е 40 часа неделно.