24sedum.net

24 седум вести портал

Нема да се бараат изводи од матичната книга на родени што не се постари од 6 месеци

Веќе нема да се бараат изводи од матичната книга на родени што не се постари од 6 месеци.

Управата за водење на матични книги (УВМК) информира дека донела решение да не се бара изводите од Матичната книга на родени да не бидат постари од шест месеци. Ова е најавено откако Порталб.мк го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци.

Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат. Доколку граѓаните немаат извод, ќе се венчаат само со документ за идентификација, додека службеникот самиот ќе ги обезбеди изводите, известува Порталб.мк.