24sedum.net

24 седум вести портал

Ризаов: Мицкосkи нема да смени ни една запирка од Преспанскиот договор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема да смени ни една запирка од потпишаните договори со Грција и Бугарија, но големата лага сѐ уште дава изборни поени

По високото вивнување во небото по големата победа на комуналните избори Христијан Мицкоски го почна мекото спуштање на земјата. Но сѐ уште лебди ни на земја ни на небо.

На сите што веруваа дека ќе ги поништи договорите со Грција и со Бугарија ќе им ја признае, како што вели реалноста, дека не ќе можат да се променат потпишаните договори. Штетата е направена, ама кога ќе дојде на власт ќе се обиде да ја поправи колку што тоа ќе биде можно. Тоа е првиот мал чекор на неговото соочување со реалноста.

Или, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, новото уставно име Република Северна Македонија е реалност и дека врз основа на таа реалност моментално функционира и државата. Името не му се допаѓа и затоа ќе работи ситуацијата да се промени, откако би дошол на власт.

Види, види каква итарпејовштина, старата голема лага ја замени со нова, додуша само малку помала. Откако ќе станел премиер по брзи вонредни парламентарни избори ќе работи на ситуацијата. Ај да видиме каква е таа ситуација.

Христијан Мицкоски нема да смени ни една запирка од потпишаните договори, но големата лага сѐ уште дава изборни поени. Многу луѓе сакаат да веруваат во тоа, па зошто да не им се нуди и натаму таква приказна.

Ставам две раце во оган ако се случи Мицкоски да стане премиер и ВМРО-ДПМНЕ да формира влада со двотретинско мнозинство во парламентот дека ама баш ништо нема да промени од веќе ратификуваните договори ниту со Грција, ниту со Бугарија. А, во суштина, нема ништо полесно од раскинување на договорите.

Доволно е да не ги спроведува и за час ќе се вратиме на старите добро познати позиции. Договори што не се спроведуваат не важат. Може и еднострано храбро и ептен патриотски и вмровски да им каже на комшиите дека завршија предавствата на националните интереси подобро гроб отколку роб, подобро „рат“ отколку пакт. Така, ќе си го сочуваме уставното име. Ќе си го сочуваме и националниот идентитет, јазикот, историското и подалечно и поблиско минато, иако никој не ни ги одзел.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен на следниот ЛИНК.