24sedum.net

24 седум вести портал

Стар играч ќе го обединува СДСМ? Плусинфо дознава кој има најголеми шанси да го наследи Заев во Влада ?! (ФОТО)

Радмила Шекеринска има најголема поддршка од меѓународниот фактор, а нејзиниот избор ќе предизвика најмалку турбуленции во СДСМ и во коалицијата, тврди извор на Плусинфо.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, најискусниот кадар во овој состав на СДСМ, има најголеми шанси да седне во премиерската фотелја, откако Зоран Заев ќе ја официјализира својата оставка, дознава Плусинфо.

Нашите извори тврдат дека Шекеринска има најголема поддршка од странските дипломати, а како нејзин најголем адут се смета членството на Македонија во НАТО, најголемото достигнување на владата на СДСМ и на ДУИ.
Од друга страна, се смета дека изборот на Шекеринска на чело на новата влада ќе предизвика најмалку турбуленции во СДСМ, но и најмалку недоумици кај коалициските партнери.

Во последниов период Шекеринска беше воздржана и посветена на своите активности во Министерството и во НАТО.

Дали овие пишувања на Плусинфо се точни, останува да видиме во периодот кој што претстои.