24sedum.net

24 седум вести портал

Вучиќ со српски вина ги угости Димитров и Рама

Вицепремиерот Никола Димитров, албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, им беа гости на вечерата што ја приредија српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ во Белград.

„Прекрасна вечер во ресторанот Салон 1905 со пријателите од регионот, Еди Рама, Здравко Кривокапиќ и Никола Димитров. Ана Брнабиќ и јас на нашите гости им претставивме одлични српски вина и можевме да ги споредиме со многу добри француски вина. Нашето пријателство е пријателство за иднината на целиот регион“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Рама и Димитров вчера пристигнаа во Белград по повод денешната средба со Вучиќ, во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Договорот „Отворен Балкан“, кој во јули во Скопје го потпишаа претседателот на Србија и премиерите на Албанија и Македонија, треба да овозможи укинување на граничните контроли меѓу овие земји по неговото стапување во сила на 1 јануари 2023 година.