24sedum.net

24 седум вести портал

Зошто жените оговараат?

Ако мислевте досега дека со оговарањето жените само „тепаат“ време, научници од Универзитетот во Флорида предупредуваат дека тоа и не е така невина работа. Припадничките на понежниот пол оговараат за да ја отстранат потенцијалната конкуренција.

Истражување покажало дека возрасните жени користат исти техники како и тинејџерките, во желба да уништат нечија репутација. Повеќе истражувања го потврдиле истото, жените се повеќе склони да пират негативни информации за други жени кои ги сметаат за закана.

Директна закана претставуваат жени кои се обидуваат да украдат нечиј партнер, индиректно невини но физички атрактивни или провокативно облечени.

Научниците ова го објаснуваат со еволуцијата. Жената некогаш морала да го привлече вниманието и да го задржи квалитетниот маж бидејќи од него зависело семејството. Но, сега со еманципацијата на жените и нивната независност, тоа и не е толку важно.

Експертите предупредуваат дека оговарањето воопшто не е наивно, особено во време на социјални мрежи кога е многу лесно да се наруши нечија репутација со брзото ширење на вести, па и оние кои воопшто не ги познаваме создаваат некакво мислење за нас.