24sedum.net

24 седум вести портал

ЦЕЛОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ВО ОСТАВКА, ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПРЕБРОЈУВА

Со оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев во оставка е и целото раковдство на партијата, информираа денеска од владејачката партија. Од таму информираат дека на денешниот состанок Заев ги информирал за состаноците со владините партнери, но и дека мнозинството во парламентот е стабилно.

На состанокот биле утврдени и следните чекори на партијата, но тие, како што велат од СДСМ, ќе бидат објавени наредната недела.

Од коалициската ЛДП, пак, повторно се резервирани. Лидерот Милевски вели „мириса на нови избори“ бидејки се одоговлечи оставката на Заев.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првиот работен ден на пратениците по локалните избори го почна пребројувањето до 61 пратеник кој треба да даде поддршка или за инцијативата за предвремени избори или пак, за ново парламентарно мнозинство.

Одлуката на БЕСА за тоа дали ќе остане во владата заедно со СДСМ и ДУИ повторно ги оствари овие можности. Па така, во Собранието денеска беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски.

Денеска пак, парламентот доби 6 нови народни избраника на местото на пратениците што станаа градоначалници. Од нив 4-ца се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејчката СДСМ пак, според пратеничката група, ќе добие двајца нови пратеника, еден на место на Костадин Костадинов и еден на место на лидерот на БЕСА Касами.

Со тоа оваа партија, наместо 4-ца ќе располага со тројца пратеници.