
Фајзер направија таблети против ковид-19 со речиси 90% ефикасност
Откако произведоа ковид-вакцина со висока ефикасност, која масовно се користи во светот, Фајзер ја претставува и оралната терапија, пилула која ги олеснува симптомите, спречува хоспитализации и тешка форма на болеста.
Сега, откако завршија прелиминарните експерименти и тестирања, Фајзер чекаат на ФДА да ја одобри оваа терапија.
Тие објавија резултати од истражување кои покажуваат дека апчето го намалува ризикот за хоспитализација и до 89%. Во изминатиот период, тие направиле низа тестирања кои покажале дека ако нивниот лек се вклучи во стандардната ковид-терапија, многу тешки последици и смртни случаи ќе бидат навреме превенирани.
Лекот кој има работно име PF-07321332 работи на принцип на инхибитор на протеаза. Засега, единствен лек за ковид-19 кој ФДА го одобрува е ремдесивир. Од Фајзер сметаат дека со правилна комбинација на лекови, во кои ќе влезе и нивниот нов производ, многу помалку пациенти ќе развиваат тешка клиничка слика или ќе умираат.