24sedum.net

24 седум вести портал

Кој е најинтелигентниот хороскопски знак?

Од најрана возраст Близнаците импресионираат со нивната досетливост и смисла за хумор. Тие можат да бидат експерти во многу области, бидејќи се многу снаодливи, па затоа и важат за најинтелигентниот хороскопски знак.

Без разлика која област да ја одберат, тие постигнуваат одлични резултати. Важат за најинтелигентни меѓу хороскопските знаци, а доказ за тоа е фактот дека Близнаците можат да се пофалат дека имаат најголем број нобеловци во однос на другите знаци.

Нобелова награда добиле 97 Близнаци, меѓу кои е и Боб Дилан, контроверзниот добитник на Нобел за книжевност.

Не треба да бидете изненадени што Близнаците се на врвот, тие се интелигентни бидејќи со нивниот знак владее Меркур. Владетелот Меркур го дава нагонот за комуникација и поврзување на идеите и луѓето.

Сепак, имаат и негативна страна која често се истакнува бидејќи умеат да бидат дволични и превртливи, насочени кон себе.

Но, со нив никогаш нема да ви биде досадно во друштво, многу се забавни, умеат да водат и длабоки емоционални разговори со луѓето кои ќе им се отворат и се вистински пријатели во неволја.

За жените Близнаци велат дека се идеална комбинација од убавина и интелигенција, а мажите Близнаци се добра комбинација од креативност, интелигенција и комуникациски вештини. И мажите и жените Близанци бараат партнер кој е доволно интелигентен за постојано да ги предизвика.