24sedum.net

24 седум вести портал

Ова се навиките на успешните луѓе

Кога последен пат сте успеале да го направите сето она што сте го испланирале претходниот ден?


Ако не можете да се сетите, време е да промените некои навики односно да ги послушате советите на успешните луѓе кои успеваат да ги завршат сите обврски бидејќи знаат како да се организираат.

Утринска рутина

Успешните луѓе го почнуваат денот со позитивни мисли, со омилениот пијалак и со план за тој ден. Тие не размислуваат за работите од минатото и се фокусираат на тековните обврски, не губат драгоцено време размислувајќи за тоа што веќе поминало.

Откако ќе се разбудите, направете план. Направете листа на обврските што треба да ги завршите, наредете ги по приоритет. Обврската што сте ја оставиле од денес за утре нека биде прва на списокот. Поминете го утрото појадувајќи со вашето семејство – истражувањата покажуваат дека само 15 минути поминати со саканите луѓе ќе ве мотивираат да ги завршите сите обврски.

Користете апликации

Успешните луѓе знаат кои апликации и алатки можат да им помогнат во извршување на секојдневните активности и задачи.

Апликацијата која е исклучително корисна е Toggl. Со помош на оваа апликација може да проверите колку време ви треба за да завршите некој проект, како да го организирате времето.

Побарајте ја апликацијата miMind кој ќе ви помогне да бидете поорганизирани и фокусирани. Доколку постојано ги заборавате лозинките, користете ја апликацијата Universal Password Manager, а доколку треба да испратите поголем фајл, користете Dropbox.

Направете план

Пред да заминете на шопинг, направете план за тоа што треба да купите и држете се до него, така ќе заштедите време.

Вежбајте

Повеќето успешни луѓе вежбаат. Тие знаат дека со дисциплинирано вежбање успешно се борат против стресот и на тој начин го чуваат своето здравје.

Ризикувајте

Преземањето ризици може да доведе до неуспех, но успешните луѓе учат од своите грешки за да станат подобри во тоа што го прават.