
Што ако човекот би немал влакна?
Влакната се насекаде около нас. Мали, некогаш толку ситни што се дури и едвај видливи, а на главата дури и долги во вид на коса. Често се обидуваме да се ослободиме од нив, најчесто безупешно. Но, какви би биле доколку воопшто би немале влакна?
Депилација, бричење и шишање – човекот на најразлични начини пробува да се ослободи од влакната. Тие се насекаде на човечкото тело, освен на дланките и на стапалата.
Многу работи на човекот зависат токму од влакната. На пример слухот. Внатре во ушите има мали влакненца кои преку вибрации ни овозможуваат да слушаме. Да би немале влакна, не би имале ни слух.
Потоа ноктите. Тие се фактички влакна, направени се од истата состојка – кератин. Без влакна не би постоеле ниту ноктите. Замислете, прсти без нокти!?
Епа, како би изгледал и фукционирал човекот без влакна?